Најновата иновација на The Ocean Cleanup која чисти 50 тони отпад од реките секој ден

The Ocean Clean Up

Целта на холандската организација The Ocean Cleanup под раководство на Бојан Слат е да ја намали пластиката во океаните за 90% до 2040 година. 

Најновата иновација за која зборуваме е всушност брод The Interceptor, чија задача е да го совира отпадот од водите на реки, океани и мориња. Станува збор за проект на The Ocean Cleanup, холандска непрофитна организација, на чие чело стои еко иноваторот, младиот Бојан Слат. Неговата цел е да исчисти 90% од пластиката во водите на океаните до 2040 година. 

„Иако главната идеја ни беше да го исчистиме пластичниот отпад од водите на океаните, особено на Атланскиот каде се собира најмногу, сметаме дека треба да ги нападнеме и другите извор на загадување на океаните, а тоа се реките“, велат од The Ocean Cleanup. 

The Interceptor беше откриен за јавноста овој октомври во Ротердам, Холандија и претставува колектор на отпад кој работи на соларна енергија. Штом се смести во речното корито, го собира отпадот од водата со помош на својот колекторски систем, а насобраниот отпад се рециклира. 

Во 2013, кога Слат ја основаше организацијата The Ocean Cleanup, имаше само 18 години, а идејата ја доби откако на нуркачка експедиција забележал дека во океаните има повеќе пластика отколку животински свет.