Најмоќното супер возило на Nissan, GT-R50 доаѓа во 2020

Информацијата за пристигнувањето на најмоќното супер возило на Nissan се чекаше повеќе од цела година. Nissan GT-R50 пристигнува во 2020.

Зад дизајнот на возилото стои студиото Italdesign, а се верува дека со овој автомобил се најавува новата генерација на GT-R. 

Автомобилот е заснован на GT-R Nismo и се напојува со 3.8 литарски V6 мотор кој развива до 710 КС. 

Ќе се произведе за само педесетмина кои ќе можат да одвојат 1.2 милиони долари. Испораките ќе бидат достапни кон средината на наредната година, а автомобилот во живо ќе може да се види во март 2020 на саемот во Женева.