Многу е нормално и мажите да посакаат од еликсирот на младоста. Па така во последно време една од состојките која ја ужива славата е ретинолот, дериват на витамин А кој стана златен стандард во anti-ageing третманите. Без разлика под кое име го среќавате, ретинолот ја има моќта за корекција, мазнење и регенерација на кожата.

Може драматично да ги намали фините линии, да расчисти акни и да ја намали појавата на оштетување од сонце и пигментацијата, а како дополнителен бонус претставува и антиоксиданс. Но не е се така едноставно…

Комплексноста и јачината на ретинолот често доведува до злоупотреба од страна на потрошувачите што резултира со привремено лупење на кожата, сувост, иритација, црвенило и осетливост. Во доцните дваесетти години од животот на човекот производството на нови клетки почнува да забавува, ова е коренот на процесот на стареење.

Ретинолот е непопустлив интервенционист кој ги тера клетките да функционираат на пофункционален начин и да произведуваат колаген. Оваа состојка доаѓа во различни концентрации од 0,1 до 1 процент, па започнување со најконцентрираниот не е паметно. Исто така треба да се внимава на другите продукти што ги користите бидејќи мешањето со состојка како ферулинска киселина не е паметно.

Доколку решите на своја рака да купите ретинол купете го поради целокупната формула на производот не поради висината на процентот. Оптималната концентрација не е нужно најголема концентрација. Истражувањата покажале дека при користење на производ со пониска јачина (на пример 0,01% до 0,1%) ќе ги добиете истите резултати како при користење на формула со умерена јачина (0,04% до 0,1%).

Единствена варијабла тука е времето. Најдобро е да го користите ноќе. Причината за ова е фактот дека метаболизмот на кожата е на највисоко ниво ноќе, а вашите клетки не се преокупирани со УВ зраците и загадувањето. Оваа состојка исто така е и фотосензитивна што значи дека реагира со сончева светлина и ја губи моќта.