Часовникот е додаток кој скоро секој маж го носи секојдневно. Но тој е и додаток кој многу открива за личноста. Поради тоа кога ги бираме часовниците покрај тоа што гледаме тие да одговараат на нашиот стил, гледаме тие на некој начин и да го претстават нашиот карактер. Но што мислите какви часовници носат на зглобот најмоќните мажи на светот?

Џеф Безос, Ulysse Nardin Gmt Big Date Основачот на Amazon и покрај тоа што може да си дозволи да го има секој часовник што ќе го посака, сепак тој се одлучил за Ulysse Nardin Gmt Big Date. Четириесетидва милиметарскиот челичен, само-навивачки часовник е скоро се секогаш со овој моќник. Покрај тоа што е водоотпорен до 100 метри овој часовник има Dual Time индикатор и секако чини само 6.000 евра.

Ворен Бафет, Rolex Day-Date Овој моќник се одлучил за класичен часовник кој е вреден на инвестицијата од 35.000 евра. Часовник кој е лансиран во 1956 година, влезе во историјата како прв хронометар, водоотпорен, автоматски со прозорец за датум.

Сатја Надела, Breitling Colt Главниот човек на Microsoft се одлучил за подинамичен модел. Овој часовник првично создаден за воена употреба, има робусен дизајн и совршена читливост. Часовникот чини само 3.450 евра.