Спортистите се познати како едни од славните личности кои следат одреден стил, препознатлив за нив. Но тука се и тенисерите кои како едни од најмодерните спортисти оставаат впечаток кога ќе се појават. Овие играчи се познати по брендовите Tommy Hilfiger, Nike и Lacoste… од глава до петици.
Роџер Федерер
Швајцарска тениска sвезда беше World Number One рекордни 310 недели, вклучително 237 последователни недели. Со многу награди позади себе, тој е подржувач на Nike веќе 20 години. Но Nike го виде само спортистот во Роџер, а не и глобалната амбасадорска улога што ја замисли Uniqlo за него, која значи 10-годишниот договор вреден 300 милиони долари за претставување на брендот Uniqlo’s LifeWear.
Рафаел Надал
Со своите 19 Grand Slam титули, 12 French Open титули, добитник на златен медал на Олимписките игри во 2008, оваа шпанска тениска ѕвезда моментално е лице на машката колекција за долна облека на Tommy Hilfiger за сезоната Есен-Зима.
Новак Ѓоковиќ
Тој во моментов го држи врвот на заработки на сите времиња во тенисот вреден скоро 144 милиони долари. Новак има освоено 17 Grand Slam титули, вклучувајќи и 8 титули на Australian Open. Оваа тениска ѕвезда својата комерцијална врска со модата ја започна во 2017 година, потпишувајќи договор на пет години со годишна вредност од 9 милиони долари со брендот Lacoste.
Енди Муреј
Прогласен за витез во 2016 година за придонес во тенисот и добротворните организации, оваа британска тениска sвезда од Шкотска сега е официјално позната како Sir Andrew Barron Murray OBE. Овој тенисер соработуваше со Castore во создавање на специјалната тениска линија AMC која е кратенка за Andy Murray Castore. Во 2019 година беше потврдено дека стекнал удел во компанијата и станал советник на одборот, како резултат на нивното долгогодишно партнерство.