Кој би посакал да се вози во возови, имајќи автомобил? Љубителите на луксузот!

Можеби возењето со воз ве асоцира на некои подамнешни времиња од некој роман, но имајќи ги на ум овие возови, несомнено ќе посакате барем еднаш во животот да го искусите овој луксуз и да го претворите секојдневието во приказна од роман. Ова се некои од најлуксузните возења на шините во 21 век.

VENICE SIMPLON-ORIENT-EXPRESS, EВРОПА

Можеби е и најлуксузниот од сите, овој воз е олицетворение на луксузното патување со воз, благодарение на првокласната храна, неверојатниот декор и беспрекорната услуга. Ве води на патување низ Европа, а има реставрирани вагони од 1920-те години на минатиот век. 

 

 

SEVEN STARS, ЈАПОНИЈА

Совршена комбинација на јапонската и западната култура, со 5 вагони за спиење и екстремно луксузно опремени апартмани. Нуди тури од 2 до 4 дена на островот Кјушу и собира само 28 лица. Резервирањето се одвива со лотарија. 

 

BELMOND ROYAL SCOTSMAN, ШКОТСКА

Ако сакате да ги искусите природните убавини на Шкотска, овој воз е совршен за вас. Традиционално е опремен во духот на Шкотите, со ресторан кој нуди традицонална кујна и специјалитети, како и селекција на вина и сингл-малт вискија. Има максимален капацитет од 36 гости. 

ROVOS RAIL, ЈУЖНА АФРИКА

Совршено луксузно патување преку кое ќе ги искусите убавините на Јужна Африка, Зимбабве, Намибија и Танзанија. Возот се движи релативно полека, така што патниците можат со отворени прозорци да уживаат во сценографијата. Луксузно опремен, возот изискува посетителите да носат прикладна вечерна гардероба за вечерните настани, а телефоните и лаптопите се дозволени само во собите, со цел да не се изгуби духот на патувањето. 

GOLDEN EAGLE TRANS-SIBERIAN EXPRESS, РУСИЈА

Патување од две недели ширум Русија, во екстремно луксузен стил. Тоа е она што го нуди овој воз.