Летото ни ги затвори вратите, а есента повторно ни носи студенило и замраченост, но и грижа околу новата прикладна сезонска облека, подеднакво и за трендовските зависници како и за сите останати

Клучот за одржување на модната самопочит е во способноста успешно да се прави разлика помеѓу минливите трендови и идните класици. Главните трендови на сезоната се одамна селектирани покажувајќи ја насоката во која се движи машката облека, па сега останува единствено да се одбере од понуденото.

Планинарска опрема

Малкумина можат да одолеат кога модата и функционалноста прават заговор да произведат парчиња во кои се изгледа и чувствува подеднакво одлично. Токму затоа техничката опрема и робусните практични цокули се длабоко навлезени во машката гардероба оваа сезона. Во пракса, ова значи многу ветровки од поинаков вид, тешки чизми за пешачење и торби кои ги оставаат рацете слободни.

За Е/З18 воочуваме поелегантно превземање на трендовите во брендовите за широка потрошувачка. Робусните патики сеуште се присутни, но тие се носени со формални панталони со широки ногавици во каро или риги дезен. Јакните се ревитализирани со употребата на ватирана волна, а техничките дотерувања ги прави карго панталоните повторно релевантни.

Враќање на спортската облека од деведесетите

Деведесеттите се враќаат толку често што е можно да се аргументира дека живееме во трајна состојба на носталгија од кога заврши деценијата. Но, за оваа сезона, ерата на Покемон и Кристал Пепси не е само „референцирана“, туку конечно се претвори во нешто што се чувствува вистински свежо. Брендовите кои сме ги заборавиле со текот на годините одеднаш прават враќање на пистите и се следени од брендовите за широка потрошувачка.

Ретро спортска облека се појавува насекаде.

Намерата е да не се преслика гардеробата од пред 20 години, туку да се модернизира изгледот со нешто што е „намерен судир”. Еден од начините да се ажурираат класиците од деведесетите е несекојдневното спарување. На пример тренерка со тесно искроени панталони или палто со патент со панталони со фалти.

Риги

Иако е ова тренд кој речиси никогаш не излегол од актуелност, како тенденција особено добива на силина оваа сезона. Освежително заминување од стандардните хоризонтални риги кои се постојано тука некаде, вертикалните риги можат да и ги дадат дури и на најбазичната облека елемент на впечатливост. Друга извонредна работа околу овој тренд е дека тој може да биде исто толку упадлив колку и суптилен, ако сакате. За упадлив изглед само изберете крупни риги во силни контрасни бои. За посуптилен стил, селектирајте потенки линии од слични меки или неутрални тонови.

Италијанската sprezzatura

Класичното кроење веќе некое време е маргинализирано со напливот на спортската облека која агресивно го смени полето на игра во машката облека. Но тоа не значи дека костумите се надвор од умот. Сите погледи се насочени кон Италијанците поради нивните стилови на sprezzatura.

Онаму каде традиционалниот англо-американски пристап кон кроењето се држи повеќе до правилата, начинот и методот, наполитанското превземање на костумите е помалку круто и се заснова на експериментирање и принципот на среќа. Sprezzatura значи многу нешта на многу луѓе, но за повеќето тоа е уметност на простудирана леснотија: превземање грижа да се направи совршено нешто што е несовршено.

За да го разбудите вашиот внатрешен паун инвестирајте во костум од поединечни парчиња, оксфорд маици, асортиман од свилени шалови и волуминозни капути. Носете ја лабаво кроената облека слоевито, никогаш совршено наметната, но совршено пресметана. Capiche?

Нијанси на Кафено

Ако минатогодишниот тренд од 70-тите години звучеше непредвидливо на хартија, тогаш идејата за тренд што се врти целосно околу нијансите на деценијата веројатно се чини дека е повеќе од ист, само со иземенети кич елементи. Иако, тоа е неверојатно софистицирана алтернатива за главните нијанси.

„Кафеното можеби не е толку секси како што е морнарското сино, но тоа е неутрален тон, кој има да понуди многу поширок спектар кој е од распон на кафе и карамел преку зачадено до лешник, костен и махагони”.

Неатрактивноста на оваа боја во минатото не и наштетува. Всушност, кафеното може да изгледа современо интересно. Оваа сезона во игра се мантили или памучни јакни, кафени кроеви или карамел трикотажа. Успешна комбинација со правилна уптреба на кафеното би можела да биде карирани панталони во кафени тонови со кремаст џемпер.