Ако се прашувате кој стои позади оваа сложувалка тогаш треба да знаете дека тоа е Kodak. Најдобриот начин за забава во последно време, а и најдобар предизвик би било да се сложи сложувалка која има 51.300 парчиња. сложувалката го слави „наследството на Кодак и убавата фотографија“, на кое се забележуваат 27 чуда од целиот свет.
Кога ќе ја завршите сложувалката, ќе видите дека таа е составена од 27 засебни слики на кои има знаменитости како Таџ Махал, Кинескиот ѕид, Статуата на Слободата… Со димензии од 9 x 2 метри секоја слика може засебно да се работи, бидејќи секоја слика е спакувана во посебна сложувалка со 1.900 парчиња. Сепак од Kodak мислеле на нас, па ни ја олесниле работата.