Спортистите препознатливи по своите вештини без разлика дали во вода или на копно, на фудбалски или кошаркарски терен… се доста препознатливи и по своите колекции. Покрај колекциите на автомобили и мотори кои ги поседуваат, може да се каже дека спортистите имаат и најекстравагантни часовници со кои може да се пофалат. Како едни од најплатените личности во светот, овие спортисти имаат големо влијание што се протегаат подалеку од промовирање на спортската опрема, тие се цел на луксузни брендови. Да ја погледнеме листата:

спортисти1. Patek Philippe Annual Calendar Chronograph Ref. 5905P-014, Конор Мекгрегор: Најпознатиот ирски спортист знае што е добар часовник. Произведено за 150-годишнината на Weir & Sons е веројатно најекстравагантниот начин за прикажување на неговиот патриотизам. Овој часовник направен во само 25 парчиња ја носи бојата на Ирска.

спортисти

2. Girard Perregaux Planetarium, Кристијано Роналдо: Кристијано Роналдо ја проширува својата ретка колекција на часовници со bespoke верзија на часовникот Girard Perregaux Planetarium, но наместо досадното куќиште направено од 18 каратно злато тој додал дијаманти. Доколку ги занемариме блескавите дијаманти, всушност часовникот е врвен инжењерски подвиг, со детален 24-часовен терестријален глобус, приказ на месечеви фази, три-аксијален турбилон…

3. Roger Dubuis Excalibur Spider Pirelli, Мајк Џордан: Опсесивниот лов на NBA титули, кошаркарската ѕвезда очигледно го дополнува со часовници. Па така овој доста голем и смел часовник, како и самата легенда, некако се надополнуваат. Roger Dubuis Excalibur Spider Pirelli е титаниумски часовник со ремен направен од од гумите на победничкиот автомобил. Часовникот вреден 122,000 американски долари не е единствениот чуден часовник што Мајкл Џордан го има во својота колекција, други значајни парчиња се Urwerk UR-202, Richard Mille RM-032 и Ulysse Nardin Sonata.

4. Richard Mille RM56-02 Tourbillon Sapphire, Одел Бекам Јуниор: Кристалниот часовник вреден 2,87 милиони американски долари вреди за неговите 1.500 работни часови кои се потребни да се создаде. Ова ремек дело во ограничено издание ја запечати својата судбина на раката на еден познат спортист.

5. Omega Seamaster Aqua Terra “Ultra Light”, Рори Мекилрој: Професионалниот голф играч одлучил да биде во тек со времето со еден од најиновативните и најлесните часовници на Omega. Овој ергономски часовник е како скроен за играчот, особено поради телескопската круна.

6. Jacob & Co. Billionaire, Флојд Мејведер: Боксерот е познато дека патува во придружба на вртоглаво скапи часовници, но кога не може да одлучи кој да го носи се свртува кон неговиот најскап часовник кој вреди 25,6 милиони американски долари. Jacob & Co. Billionaire е направен од 239 дијаманти (baguette) кои во целост тежат 260 карати.