Спроведувачите на законот во одредени држави имаат хипер-прилагодена возна флота подготвена за акција. Но овие службени лица, кои се стручно квалификувани и посветени, се гордеат со своите возила. Додека ваквите брзи и екстравагантни автомобили во акционите филмови ја имаат „главната улога“ и се синоним на високо ниво на адреналин, во реалниот живот ваквите полициски автомобили се користат со цел да одговорат на барањата на „работното место“.

1. Bugatti Veyron – Дубаи и Абу Даби

Не сакате да си имате ваква „опашка“ која се движи со брзина од 420 километри на час, што веројатно го прави најбрзиот автомобил на оваа листа. Ова полициско возило проценето е на 2,5 милиони американски долари. Откако станал дел од полициските сили во 2014 година, Bugatti Veyron ја нема напуштено својата гаража, дури ни за патрола бидејќи очигледно сеуште немало достојна потера за да се ослободи овој ѕвер.

2. Dodge Charger – САД

Наречен како „Interceptor“ ова возило е врв кај американските спроведувачи на законот. Со 300 коњски сили и брзина од 240 километри на час, е проблем за тие кои мислат дека можат да се извлечат од овој ѕвер. Цената на овој автомобил е проценета на 46.000 американски долари, што би рекле дека вреди бидејќи со него доаѓа одредена луксузна привлечност.

Најекстравагантни полициски автомобили во светот

3. McLaren 650S – Обединето Кралство

Во 2013 за асистенција на Кралската Гарда и луѓето во сино, McLaren специјално дизајнираше полициски модел со F1 засилување. Додека во 2016 година поради култот за екстравагантни автомобили, придружник на силите на законот стана 650S од McLaren спортската серија, со 641 коњски сили и V8 мотор.

4. Lykan HyperSport – Абу Даби

Овој автомобил, еден од седумте, стана дел од полициските служби на Абу Даби за 3,4 милиони американски долари. Способен да достигне брзина од 400 километри на час, овој ѕвер може да се пофали со 740 коњски сили. Бидејќи просечното ограничување на брзината во овие земји е 140-160 километри на час, навистина е потреба да се користат брзи полициски автомобили за прекршителите на законот. Да видиме следно што би користеле?

Најекстравагантни полициски автомобили во светот

5. Lamborghini Huracan – Италија

Среќата да може да се има ваков автомобил ја има и Италија, која се осврнала кон свој производ. Компанијата, Lamborghini, во 2016 година реши да донира еден Huracan за потребите на спроведувачите на законот, со мали модификации кои доликуваат за еден полициски автомобил. Но под хаубата овој Huracan има V10 мотор со 602 коњски сили и развива брзина од 323 километри на час.