Покрај доделувањето на најпрестижните награди во светот на филмот, Оскарите се шанса да ги видиме и најпознатите холивудски актери во елегантни модни остварувања. Најпознатите светски филмски имиња на црвениот тепих како и секогаш сјаеја како вистински ѕвезди и блескаа со неверојатен гламур.
Иако познатите актерки секогаш привлекуваат поголемо внимание и ја воодушевуваат светската јавност со своите елегантни тоалети и креации на најголемите светски дизајнерски имиња, ние сепак ќе се фокусираме на најдобро облечените мажи на годинешното издание на Оскарите. Иако имаше голем број на машки посетители кои присуствуваа во Dolby Theatre во Лос Анџелес, само неколкумина од нив се издвоија како вистински модни примери.
Овие мажи дефинитивно беа најдобро облечени на најгламурозната вечер во Холивуд и блескаа на црвениот тепих, имињата како Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Антонио Бандерас и останатите покажаа дека и мажите заслужуваат внимание за својот елегантен изглед.