Еквивалентот на Grammy Awards, Brit Awards, е еден од најдискутираните настани последните денови. И додека сцената е место каде што се одвива најголем дел од драмите, црвениот тепих е местото каде што ќе видиме кој како се облекол.

Според многумина Grammys имаат чуден ефект врз ваквите настани кои доаѓаат после него. Факт е дека доаѓа како прв настан кој го одбележува почетокот на годината, па се што доаѓа после него се смета дека останува во сенка. Но што се однесува до добро облечените мажи, можеме да кажеме дека на овогодинешните Brit Awards тоа беше светлата точка.