Голем број мажи со чудење и горчлив вкус во устата ја следат денешната модна сцена наменета за нив, особено ако ја споредат со господата од претходните децении. Модата еволуираше, исто како и самото човештво, што доведе до појава на лавина нови трендови кои само најхрабрите припадници на нашиот вид се обидуваат да ги испратат.

Претесните панталони со искинати ногавици ги заменија класичните одела, јакните со испрани бои ги наследија елегантните мантили и капути, а капите кои не се симнуваат од главата без оглед на тоа во чие друштво се наоѓате, ги заменија федорите и другите шешири кои ги носеа најпознатите шмекери во минатото.

Во еден момент од нашето постоење, мажите почнаа да се однесуваат како пауни и да носат силни бои, одважни дезени и кроеви кои до тогаш беа резервирани само за понежниот пол. Но, сепак, постојат и такви кои и ден денес ја ценат безвременската елеганција, ги почитуваат старите и до некаде заборавени кодови на стил, не обрнувајќи внимание на мислењето на другите кога ја претставуваат најдобрата верзија од себе. Бидејќи, не секогаш елегантното мора да биде и досадно.

Некои од најпознатите мажи на светот не се само добри во она што го прават и со што се занимаваат, туку веднаш се препознатливи по својот единствен стил и практично вродена смисла за мода. Во прилог ви ги откриваме најдобро облечените мажи на светот оваа година.

Роџер Федерер

Најдобро облечени мажи 2021

Славниот тенисер доминира како на тенискиот терен така и надвор од него, придржувајќи се до правилата за класична елеганција. Многумина го сметаат за стилска икона бидејќи секогаш е квалитетно облечен, без оглед дали е во спортска опрема или на гала вечера.

Даниел Крејг

Како олицетворение на агентот 007, Крејг негува подеднакво елегантен стил, а претежно се потпира на класиката, елеганцијата и квалитетно скроените парчиња облека.

Џеф Голдблум

Најдобро облечени мажи 2021

Средовечниот генијалец секојдневно докажува дека годините се само број. Често не забавува со своите модни експерименти, а многумина од нас можат само да сонуваат за поседување на неговото чувство за стил.

Махершала Али

Оскаровецот сака да биде поинаков, па затоа целото свое внимание го насочува кон боите, лежерните модерни кроеви и специфичните детали кои го издвојуваат од другите.

Мет Смит

Најдобро облечени мажи 2021

Секогаш облечен во кошула, Смит докажува дека не морате премногу да ги комплицирате работите и по секоја цена да ги следите трендовите за да бидете забележани.

Хари Стајлс

Од несфатен тинејџеџр по кого врескаат девојчињата ширум светот, па до модна икона чиј главен опис е бестрашноста, Стајлс го прави она што за што многумина се плашат – ја прифаќа својата женствена страна и ги брише половите граници.

Доналд Гловер

Најдобро облечени мажи 2021

Со стил кој ја следи естетиката на 70-тите, Гловер сака да пркоси на уредната и елегантна мода, носејќи силни бои и аксесоари кои веднаш го привлекуваат вниманието.

Френк Оушн

Френк ни докажува дека секогаш вреди да се остане верен самиот на себе, на сметка на трендовите и модите од модните писти. Веројатно токму од таа причина секогаш се наоѓа на листата на најдобро облечени луѓе.

Кијану Ривс

Најдобро облечени мажи 2021

Човекот кој не старее и кој е миленик на целото човештво, од самиот старт е верен на својот стил и го носи она што најмногу му одговара, не грижејќи се за трендовите и модниот свет.

Мајкл Б. Џордан

Без оглед дали носи одело по мерка или џемпер и панталони, Џордан изгледа извонредно. Дури и во патики и спортска облека тој е олицетворение за елеганција, со стил кој совршено го еволуира.

Николас Хулт

Најдобро облечени мажи 2021

Елегантен и модерен во исто време, Хулт со години го развиваше својот стил, кој веќе две децении минува низ разни трансформации.

Џејк Гиленхал

По повеќе години експериментирање со различни стилови, Џејк конечно ја пронајде својата формула за ууспех – секогаш се наоѓа на листите на најдобро облечени луѓе на светот, ажените често го бираат и како најсексипилен маж.

Дејвид Бекам

Најдобро облечени мажи 2021

Човекот кого сите го копиравме во еден момент од животот, е еден од најмодерните Британци, кои не се плашел од експериментирање. Всушност, Бекам доби чест да биде амбасадор на Британскиот совет за мода.

Бред Пит

Бред Пит е човекот кој го дефинира зборот класика – неговиот изглед е секогаш квалитетен – без оглед дали носи маица и фармерки или скапоцено одело.

Тимоти Шаламе

Најдобро облечени мажи 2021

Стилски волшебник по мислењето на многумина, Тимоти не се плаши да понесе андрогено дизајнирани комбинации, кои кај повеќето мажи будат одбивност. Можеби и токму поради тоа е прогласен за најдобро облечен човек на годината.