Очигледно е како социјалните медиуми стануваат мејнстрим, а влогингот нуди можност за добра заработка. Покрај содржината, она што треба да го истакнат влогерите е квалитетот на нивната снимка.

Многумина ги земаат своите смартфони и ги снимаат своите секојдневни активности, но доколку сакате тоа што го снимате да ви донесе и заработка, тогаш тоа треба да се направи на најдобар можен начин.

Треба да инвестирате во висококвалитетна камера.

Иако сега се достапни камери со 4К, во суштина, ако објавувате на YouTube Full HD би требало да биде повеќе од доволно за вас. Но не е се во тоа. Кога купувате камера има многу важни функции на кои треба да обрнете внимание, а исто така треба да бидете свесни за функциите кои не ви се потребни.

На пример при купување на камера не треба да се грижите за функцијата зум- бидејќи влогот се снима одблизу, не ви треба блиц- бидејќи вашето видео нема да го бара тоа, сепак ова не е фотографија.

Нешто на кое треба да обрнете внимание при купување на камера се перформансите при слаба осветленост. Камера што не работи добро во средини со слаба осветленост ќе ги намали фрејмовите во секунда и ќе создаде шум на сликата. За да се обезбеди горенаведеното треба да обрнете внимание на следниве работи:

-Објектив: отворот на блендата е важен, квалитетен објектив има широк отвор кој овозможува објективот да фати што повеќе светлина.
-Аутофокус: повеќето влогери работат сами и нема кој да го прати фокусот позади камерата, па оттука при избор битен е аутофокусот кој ќе ви овозможи да останете во фокус додека се снимате самите.
-Сензор: поголем сензор може да фати повеќе светлина. DSLR фото апаратите имаат втор најголем сензор, а најголеми сензори ќе најдете на high-end DSLR и full-frame камерите.
-Стабилизација: пред да купите камера треба да дознаете дали има оптичка стабилизација на сликата. Иако оваа функција не е неопходна, се препорачува затоа што ви овозможува да снимате подобро, постабилно видео додека се движите наоколу.
-Трајност на батериите: издржливоста на батеријата е многу битна кога снимате со часови. Идеална би била камера со можност за промена на батериите, па кога би имале две или три резервни батерии издржливоста на батеријата не би била проблем. Или алтернативно купувајте камера со можност да продолжите со снимањето додека се вклучени на напојување.
-Wifi: функцијата Wi-Fi е особено корисна ако планирате да ги поставите вашите видеа на YouTube автоматски.
-Микрофон: многумина би прифатиле видео со низок квалитет, но едното нешто што нема да толерираат е слабиот квалитет на звукот. Треба да бидете сигурни дека снимате со најдобар звук што можете да си го дозволите, бидејќи аудио квалитетот е најважен.