Сурутката е познат протеин во прав кој многумина го користат. Но што доколку сте нетолерантни на лактоза?! Една добра причина да преминете на протеини во прав од растително потекло. За разлика од порано веганските производи се подостапни па така на располагање имате соја, грашок, ореви, коноп, кафеав ориз, семиња чиа, семе од тиква и сл.
Овој додаток покажал мали разлика во споредба со протеините ос сурутка. Сурутка својата историска доминација во светот на протеините го должи на нејзините есенцијални аминокиселини што ви требаат за да ги обновите и рехабилитирате мускулите, но истражувањата покажале сурутката дејствува побрзо и дава многу малку дополнителни придобивки во споредба со протеините од растително потекло.
Дополнително на ова сурутката е доста темелно истражуван производ кој ја гради својата репутација долги години. За да му верувате на производот проверете дали има проверка и ознака од друга институција која не е на производителот, како на пример: USDA ознака за органски производ, NSF-сертификација за спорт… Еве неколку веќе проверени вакви производи:
1. Optimum Nutrition– познат по своите одлични производи од сурутка, сега овој производител обрнува внимание на клиентите кои преферираат вегански производи, па така органски протеини од грашок и кафеав ориз се соодветна замена на сурутката од веќе познат бренд.
2. Innermost– овој производ е повеќе од само протеински додаток, бидејќи неговата формула е наменета и за закрепнување и развој на мускулите. Покрај протеините од грашок и кафеав ориз што ги има овој прашок, тука се и четирите видови на јапонски медицински печурки кои имаат антивирусно, антибактериско и антиоксидантно дејство, екстракт од боровинки кој се бори со воспаленијата а camu camu и acai бобинките се тука да се грижат за вашиот мозок и кожа.
3. Form Nutrition– познат како највкусните протеини поради неговите познати вкусови како тирамису и чоколадо со путер од кикирики, оваа формула покрај помошта која ја пружа на вашите мускули допринесува и за општо добро бидејќи неговото пакување е 100 проценти биоразградливо, а дел од профитот кој го прави оваа компанија го дава за помош на најзагрозените.