Повлекувањето во јога одмаралишта знае да направи чуда, бегство од световното кон духовното, изнаоѓање на утеха. И тоа не е се. Во ваквите одмаралишта има церемонијални групни сесии, идеално избалансирана диета, најдобрата јога, зен прибежишта кои помагаат во обединување на телото, умот и душата. Погледнете ја листата на најдобрите светски јога прибежишта.

Sen Wellness Sanctuary, Шри Ланка- ценет и признаен центар основан од Др Цем Канканамџ. Опремено е со најсовремените колиби, нуди врвен луксуз, опкружување со дрвја каде ќе можете да се опуштите со звуците на џунглата и птици. Во дневните часови по јога се вклучени, Kundalini, Vinyasa и Yin јога.

Ananda in the Himalayas, Индија- секој детал тука е добро осмислен. Приватни базени, кралски декор и уредени градини кои гледаат на плажата Ганга со декадентни оброци подготвени по традиционен индиски систем-ајурведа. Имотот е сместен на врв на рид и престојот доаѓа со многу луксузни додатоци. Тука можете да изберете дневни јога сесии, медијација, ајурведа и веданта, сето тоа во срцето на шума од Shorea robusta и мирни видици и околина.

Absolute Sanctuary, Тајланд- понудата на ова јога прибежиште е големо. Поточно тука се нуди духовно прифаќање со нивните 22 еден-на-еден програми за јога и програми за детоксикација во 15 категории. Гостите можат да уживаат во хранливи и избалансирани оброци со супер храна и сеопфатни велнес консултации, а престојот можете да си го организирате од неколку дена до еден месец.

Blue Spirit, Коста Рика- со величествен поглед кон Пацификот и Guiones Beach, ова прибежипте е светски признат поради својата спокојна околина, енергичната меѓународна заедница на јога инструктори, холистичкиот пристап на живот. Тука третманот кој ќе го добиете е насочен кон негување на вниманието, саморефлексијата, заздравувањето и релаксацијата.

Kamalaya, Тајланд- архитектурата тука е инспирирана од природата. Но ова е дефинитивно едно од најлуксузните и најдобрите прибежишта за јога во светот, со поглед на тиркизните води на Тајландскиот Залив. Нивните програми вклучуваат јога, медитација, ајурведа масажи и многу други практики и начини со кои би достигнале длабоко опуштање и освежување.