Фотографии кои дефинитивно ќе ве остават без здив, земаа учество на петтото по ред издание на Red Bull Illume Image Quest. Спортски, авантуристички и неверојатно полни адреналин, ова се некои од учесниците и добитниците на награди. 

Жирито беше составено од 50 експерти од областа на дигиталната фотографија и обработка, и имаа задача да го стеснат изборот од скоро 60.000 пријавени учесници, на 60 најдобри во 11 категории. Прогласувањето на победниците се случи кон крајот на ноември во Италија.