Викенд е и сакате да направите скара. Покрај останатите работи пробајте да ставите сирење на скара. Овој метод на готвење носи прекрасен исчаден вкус и нови кулинарски можности за на маса. Покрај тоа ако има некој вегетаријанец ова е одлична идеа, бидејќи тие честопати се по ограничени во продуктите кои ги конзумираат. Но дали сте знаеле дека неможете секое сирење да го ставите на скара. Особено ако сакате да го ставите директно на решетката од скарата.

Едно од најдобрите сирења кои можете да го ставите на скара е Халауми. Ова е поради неговата висока точка на топење. Уникатната способност за печење на скара ова сирење ја добива поради неговата слоевитост, сепак Халаумито е полу-тврдо сирење направено од овчо млеко чувано во саламура, со уникатна техника на правење. Ова сирење потекнува од Кипар и се користи најчесто во Грција, Турција, Велика Британија, на Медитеранот.

Следно на листата е фетата. Бело грчко сирење најчесто направено од овчо млеко или од мешавина од овчо и козјо млеко. Зреено е во саламура и има интересна некомпактна текстура со мали дупки. Највкусно би било доколку го исечете на големи плочки го ставите преку ноќ да се маринира во маринада по желба и потоа го подготвите на скара. Откако ќе го испечете можете да го послужите со леб или крекери, или едноставно со салата.

Панир е сирење кое доаѓа од Индија, кое спаѓа во свежи-кисели сирења, направени од кравјо или биволско млеко. Ова сирење може да се каже дека има слична текстура како Фета сирењето.

Следно на листата е Leipäjuusto или лапонско/ финско сирење. Ова сирење традиционално се прави од богато кравјо млеко најчесто од крава која неодамна се отелила. Ова сирење уште е познато и како лебно сирење, поради неговата текстура која кога ќе се испржи или стави на скара омекнува и добива убав вкус, но не се растекува.

Верувале или не Брито е едно од сирењата кои можат да се печат на скара. Ова сирење е меко кравјо сирење кое потекнува од Франција. Под кората од бела мувла ова сирење има бледа боја и мека текстура. Кога ќе го ставите на скара мора да внимавате на него, да не се пробие кората која го прави компактно. Но веднаш штом го симнете од скара послужете го со овошје, крекери. Едноставно нема да можете да му одолеете, бидејќи штом со крекерите ја прободете кората од внатре ќе почне да тече прекрасно на вкус сирење.

Неколку совети за подготовка на сирење на скара: секогаш кога ќе можете ставете го сирењето во маринада пред да го ставите на скара; колку подолго во маринада толку подобро; маринадата треба да биде од одбрани состојки кои немаат големи парчиња на зеленчук во нив; исечете го сирењето пред да го маринирате или ставите на скара во големина на дозите кои би ги послужиле; сирењето оставете го на собна температура пред да го ставите на скара бидејќи ладното сирење има тенденција побрзо да затемни од надворената страна пред да се загрее внатрешноста на сирењето; скарата треба да биде добро намрсена со масло или маст за да не се залепи сирењето и на крај шпатувата треба да биде соодветна и мала за да не се искрши при печењето.