Иако не карактеристично за нас, но сепак во Европа на главните железнички станици има ресторани и кафулиња кои служат врвна, фантастична храна. Оваа храна ги привлекува луѓето, па така овие места станале фаворити дури и за локалното население.

Brasserie Bellanger, Париз- во 2019 година Виктор Дубилот и Чарлс Перез, одлучиле дека на париската брассери сцена и е потребен ресторан за Инстаграм ерата. Па така тие го отвориле овој ресторан каде резервација не ви е потребна во близина на Gare du Nord. Во ресторанот преовладуваат класичните француски јадења, а цените се доста пристојни.

железнички станици

La Mundana, Барселона- на 10 минути одалечен од станицата Estació de Sants, La Mundana е спонтан и прифатлив, и покрај заслужената репутација на омилен ресторан на критичарите. Цените, самиот опис кажува се, но чисто да потврдиме дека почнуваат од 4,80 евра.

железнички станици

Mercato Centrale, Рим- сместен во Termini, Mercato Centrale, е храм на 19 кулинарски занаетчии, секој со свој штанд. Простор кој претходно бил место каде работниците се одмарале, реинкарниран во 2016 година во стилот на кантина но сега наменет за сите луѓе кои сакаат да пробаат храна направена од мајстори кои ја ценат храната.

 

Paris-Moskau, Берлин- во близина на Hauptbahnhof станицата, изграден во 1889 година како куќа на железничките работници, денес го носи името на железничката линија Парис-Москва. Презентацијата на јадењата е испирирана од рускиот конструктивизам, а јадењата…елен, јагула, зајак и секако тука се и вегетаријанските јадења.

Meat Beer, Прага- отворен кон крајот на 2018 година ова место се наоѓа на Hlavní nádraží. Минималистички дрвени столчиња ги опкружуваат сјајните бакарни маси, користат локални состојки, а со мал пресврт на локалните јадења како гулаш, шницел, патка многу ќе ви се допадната. Менито покрај чешки специјалитети има и не-чешки јадења како свинско ребра со јаболко. Тука можете да добиете ручек мени составено од главно јадење и супа за цена од 5 евра.