И овој месец на сцената се појавија доста нови патики кои се посебни даргоцености за љубителите на патики. Некои од моделите се очекуваат со нетрпение. Светот на патиките и овој месец нуди разноликост, од Air Jordan кој е наклонет кон ретро стилот, до модерните и ексцентрични Yeezy. Погледнете што е понудено:
Yeezy 500 Taupe Light- ова издание се претстави со задебелени монохроматски ѕидови кои во оваа боја Taupe Light ја облекуваат патиката во еднобојна сива-крем нијанса. Привлечното тука е користењето на различните материјали како мрежа, велур и кожа. Пласирањето на отворена мрежа и кожните прекривки имаат контрастен изглед на силуетата, уште еднаш поместувајќи ги границите во индустријата за патики. Овие патики се лансирани на 5-ти Јуни 2021.
Dunk Low University Blue- поради успехот на Air Jordan 1 Retro High OG University Blue, Nike реши оваа класика да ја обои во истата комбинација на бои, односно сино-бела. Лансирањето на овој модел беше на 25-ти Јуни 2021.
Yeezy Boost 350 V2 Mono Ice- поради наближување на летото класичните 350 V2 Boost добија обновување во Mono Ice варијанта. Монохроматскиот пристап е присутен и тука, што е метод на Кание во планот да воведе ново значење на едноставност во индустријата за патики. Традиционалниот Primeknit тука е во светлосина боја, и го покрива внатрешниот кафез на патиките. Лансирањето на овие се случи на 24-ти Јуни 2021.
Yeezy 450 Dark Slate- уникатна досега невидена силуета. Наместо вообичаеното зајакнување кое се користи во индустријата, извајаниот ѓон во комбинација со јаглен ги обвиткува петата и страните преку горниот плетен дел имитирајќи ребра на скелет за да понуди дополнителна издржливост. Поедноставениот, но комплексен изглед од два дела, брзо го привлече вниманието на обожавателите, поради уникатноста невидена кај ниеден друг модел. Лансиран на 25-ти Јуни 2021.
Air Jordan 1 Retro Low OG Neutral Grey 2021- за разлика од Air Jordan 1 Low од 1985 година, оваа верзија е покриена со бела кожна подлога со детали од сив велур, во игра за поедноставен дизајн. Силуетата е комплетирана со честички и панели во неутрална сива боја како дополнување во делот на зглобот, јазикот и Swoosh знакот. Овој модел кој беше лансиран на 25-ти Јуни 2021 е одличен колекционерски примерок.
Air Jordan V Quai 54- враќање за претстојната прослава на QUAI54 во Париз. Како дел од традицијата, брендот ќе лансира серија обувки што ќе одговараат на овогодинешната дизајнерска насока со комбинација на африкански елементи и париски талент. Се задржува играта на бела/црвена/црна комбинација на бои. Присутно е и логото на QUAI54. Нешто што се издвојува овој пат е „Fire Red“ рефлектирачкиот јазик, што претставува почит кон оригиналните Air Jordan 5 од 1990 година. Лансирање на 30-ти Јуни (денес) 2021.