Со толку многу спортски обувки на пазарот, тешко е да се најдат оние кои вреди да се поседуваат и да се одвои еден дел од буџетот се со цел да изгледате убаво, модерно, но и да се чувствувате удобно. Патиките треба да бидат составен дел од секоја машка „чевларница”, бидејќи после напорниот работен ден кој го поминуваме деловно и елегантно облечени време е да се релаксираме. Во моментите кога сакаме да облечеме нешто поразлично од класичните чевли на сцена стапуваат патики кои ни овозможуваат да изгледаме модерно и да ги искомбинираме со фармерки, дуксери, џемпери… Еве неколку предлози: