За разлика од „Дизајнерските“ парфеми, како Chanel, Hermes, „Niche“ парфемите се направен од компании посветени и ориентирани кон создавање на парфем. Ова е еден вид на симбиоза на професија и страст. Овие произведувачи кои повеќе би се нарекле занаетчии, или специјалисти за парфеми имаат производство со помал обем, но сепак му нудат на потрошувачот можност да се награди со мирис што е невообичаен и индивидуален. Многумина може да кажат дека „Niche“ е еднакво на квалитет, поради тоа што тука се посветува поголемо внимание на детали и конструкција на парфемот, а и компонентите употребени за конструкција се со највисок квалитет. Но тука исто така станува збор и за персонализација и потреба за диференцијација. Не само што ќе носите софистициран парфем, туку тој ќе биде и поексклузивен и уникатен. Еве листа на неколку вакви парфеми:

1. Montale е француски бренд кој е основан од Пјер Монтале и инспириран од мирисите на Арабија. Кога живеел во Саудиска Арабија, Пјер бил инспириран од мирисот на удот. Ова е вид на дрво што кога е заразено од габа, како природна одбрана од оваа габа, ослободува темна и ароматична смола. Оваа смола се вади и се чува во визби неколку години пред да се дестилира, а како резултат се добива совршена основа за парфем за мажи. Оваа куќа за парфеми, има широк спектар на парфеми кои можете да ги бирате по тоа дали сакате цветни, дрвенести, слатки ноти.

2. Officina delle Essenze е италијански бренд, сместен во центарот на Рим. Првата парфимерија од семејството Лембо е основана во 50-тите години на минатиот век, што претставува основата на брендот Officina delle Essenze. Тие создаваат производ кој е целосно изработен во Италија со суровини кои потекнуваат од различни делови на земјата. Брендот е познат по својот мирис Caldo Gourmand и по мирисните дифузери за домови. Овој бренд се фокусира на мирисот на домот, за која има посебна филозофија, па така овие дифузери не само што обезбедува исклучителен и уникатен мирис, туку е и флаширан во вистинско ремек-дело што е одлична декорација на вашиот дом.

 

3. Nasomatto, бренд кој сака да експериментира. Познат по своите мали шишиња од 30 милилитри кои имаат иста форма, но доаѓаат со различни капачиња што ги прави уникатни. Овој бренд нуди и концентрат кој е спакуван во шише од 4 милилитри. На концентратот му е потребно подолго време за да се рашири мирисот, но од друга страна подолго се задржува.

4. Amouage познат и како „дар на кралевите“, го води своето потекло од Султанатот на Оман. Целото производство и ресурси се базираат и се добиваат од неговата матична земја Оман. Нивната фабрика во Мускат е дом дури и Центар за посетители што го посетуваат ентузијасти за да дознаат повеќе за производството и флаширањето на овие специјални парфеми. Со фокусирање на квалитетот, уникатноста и страста кон парфемите, тие лесно можат да се разликуваат од мејнстрим луксузните брендови. Овие парфеми ќе ве изненадат со мириси кои ќе ја надминат вашата фантазија.