И покрај сите случувања, производителите на мотоцикли можеме да кажеме и дека го надминаа очекуваното. Уште подобро е што оваа година видовме толку добри концепти и соработки за кои не би поверувале дека можат да се случат. И така пред да преминеме на следното поглавје да го заокружиме екстравагантниот инжињеринг на две тркала за оваа година.

Ducati Diavel 1260 Lamborghini Сила на дизајнот како што некои го нарекуваат, овој мотоцикл после Lamborghini Sián FKP 37, го прикажува најдоброто од италијанскиот автомобилски инженеринг. Што се однесува до перформансите 162 коњски сили и 129 Nm вртежен момент се добра бројка. За жал само 630 вакви мотоцикли ќе бидат произведени.

мотоцикли

AMB 001, Aston Martin x Brough Superior Кон крајот на 2019 двете британски компании Aston Martin и Brough Superior објавија за соработка и здружување за проект кој е планиран за 2020 година. Па така го создадоа моторот со турбо полнење AMB 001, со 180 коњски сили, конструкција од јаглеродни влакна и алуминиум. И повторно за жал ќе бидат ограничени на само 100 вакви примероци.

Triumph Scrambler 1200 James Bond Edition Секако како еден од придружниците на тајниот агент Џејмс Бонд овој мотоцикл со 89 коњски сили доаѓа во ограничено издание. Ограниченото издание, исто така, добива ексклузивна Бонд промена, со брендиран финиш на долниот страничен панел.

Newron Motors EV 1 Додека јаглеродните влакна и алуминиумот се во мода, овој француски бренд се одлучува за дрво како материјал за мотоцикл. Овој електричен мотоцикл се напојува со лутиум-јонска батерија која се полни за 40 минути. Со тоа возачот може да помине 299 километри во град или 219 на автопат. Забрзува од 0 до 100 километри за три секунди со максимална брзина од 219 килоемтри на час. Најинтересно е што дрвената завршница можете да ја бирате.

Harley-Davidson Pan America Нивниот прв авантуристички мотоцикл доаѓа со V-twin Revolution Max мотор од 1.250 кубика со течно ладење, давајќи моќност од 140 коњски сили. За подобрување на перформансите производителот се здружува со Brembo од каде користи систем на сопирачки и Michelin за пневматици.

мотоцикли

MV Agusta Rush 1000 Италијанците имаат наклонетост кон достигнување на големи брзини со гласно ржење на моторот. Сведоштво за тоа е МВ Agusta Rush 1000. Спакуваната челична шасија со решетки не е наменета за градски улици туку за трки. Енергија која доаѓа од F1 инспириран мотор од 998 кубика со четири цилиндри може да развие моќност од 208 коњски сили при максимална брзина од 299 километри на час.