Градењето на име во модната индустрија е голема работа. Оваа индустрија е висококонкурентна па потребата од стекнување на образование од светска класа тука значи многу. За постигнување на тоа ниво покрај талентот треба да посетувате и некое модно училиште каде ќе го рафинирате, насочите талентот а воедно ќе се сретнете со највлијателните луѓе во индустријата. Еве листа од најдобрите модни училишта во светот денес.

1. Fashion Institute of Technology

Овој институт кој е основан во 1944 година, може да се пофали со модни програми од светска класа. Тука учениците покрај тоа што се среќаваат со дизајн, учат и бизнис вештини, маркетинг, илустрирање, стајлин. Ако се решите за ова училиште тогаш знајте дека ќе им се придружите на на нивните елитни алумни како Calvin Klein, Carolina Herrera и Michael Kors.

2. Central Saint Martins

Ова подостапно училиште кое е дел од University of Arts во Лондон има програма која нуди курсеви за мода, дизајн на накит и текстил. За влез во ова училиште битно е да имате талент, а врвни модни академици од светска класа како професорот Луис Вилсон, ќе го посветат своето време и простор за да ве насочат низ патувањето. Ако се одлучите за ова училиште тогаш ќе им се придружите на дипломците Alexander McQueen и Stella McCartney.

3. Instituto Marangoni

Италија има долга историја на трендсетери и водачи на модниот свет, а Милано долго време се сметаше за главен моден град во светот. програмата во овој институт опфаќа моден дизајн, моден бизнис, управување со брендови и модна промоција. Школарината се определува врз база на тоа кој кампуст ќе го одберете, вашата националност и јазикот на кој ќе учите.

4. ESMOD

Едно од најдобрите меѓународни училишта за мода и бизнис во Париз. Фокусот тука е насочен модниот дизајн и модниот бизнис. Ова училиште постои од 1841 година, а доколку ве служи среќата да бидете дел од ова училиште тогаш ќе се натпреварувате со 1500 ученици за тоа „место” во светот на модата.

5. Royal Academy of Fine Arts Antwerp

Ова училиште го издига Антверп на нови височини правејќи значителни чекори да стане светски лидер во модата. Во ова училиште годишно се примаат по 100 ученици а школарината е делумно субвенционирана. Но затоа треба да сте посебен талент за да можете да влезете во ова училиште.