Без разлика што во ова време доста ќе ви помогне за средување на вашата фризура, сепак секој маж треба да има една машинка за потстрижување дома во случај да не притреба. Како и за сите производи, одлуката за купување на ваков производ тешко паѓа. Сами по себе се наметнуваат многу прашања: Дали да купите машинка на батерија или со кабел?; Какво сечило е најдобро?; Која машинка се одржува полесно?; Вреди ли да се дадат повеќе пари за таа машинка или го плаќам само брендот?; Дали има потреба за машинка која има додатоци?… Еве една листа која ние ја составивме за вас.

за потстрижување

1. Wahl Colour Pro Cordless Combi Kit- да почнеме со нешто корисно за почетниците. Добро познатиот бренд меѓу професионалците има производ кој е доста добар за почетници поради тоа што доаѓа со чешлиња во различна боја за различна должина што го прави доста едноставен за користење.

Траење на батерија: 60 минути
Кабел/ Батерија: доколку батеријата ви е при крај можете да го користите со приклучен кабел
Чешел: 3mm-19mm
Додатоци: Четка за чистење, ножици, масло, берберски чешал, штитник за сечила

2. Philips HC5632/13 – машинка која ги има сите карактеристики кои ги барате, лесно подесување на сечилата, чешлиња со различни димензии, лесно се одржува бидејќи се што треба да направите е да го измиете под млаз вода, батерија која трае подолго, и што е најбитно специјалност се двојните сечила кои овозможуваат шишање на густа коса за многу пократко време.

Траење на батерија: 90 минути со едночасовно полнење
Кабел/ Батерија: двете
Чешел: 3mm-28mm
Додатоци: Четка за чистење, ножици, торбичка, чешел

3. Hatteker Professional- најпродаваната машинка на Amazon, сигурно има тука нешто добро. Всушност оваа машинка е се во едно. За средување од глава до пети плус и водотпорна.

Траење на батерија: 2,5 часа со деведесетминутно полнење
Кабел/ Батерија: двете
Чешел: 1mm-16mm
Додатоци: Тример, четка за чистење, торбичка, чешел

4. BaByliss Japanese Steel Digital- ако сакате да потрошите повеќе пари на фенси машинка ова е несомнено најдобриот производ. Дигитален дисплеј, јапонски челични ножеви, прецизно инженерство и доста стилски. Со литиум-јонска батерија која може да издржи 160 минутно шишање без полнење, BaByliss има и поставките за пет должини на сечилата, осум чешлиња кои нудат 45 различни опции за должина.

Траење на батерија: 160 минути
Кабел/ Батерија: двете
Чешел: 0.6-28mm
Додатоци: чешлиња, тврда торба

5. Remington Quick Cut- HC4250- интересен производ кој е погоден за луѓе кои патуваат често. Единствена мана на овој производ му е приклучокот (3 pin plug)

Траење на батерија: 40 минути
Кабел/ Батерија: двете
Чешел: 1.5-15mm
Додатоци: 9 чешлиња, торбичка, чешел за чистење.