Криминалистичките филмови едноставно не искачаат од „мода”, а Netflix е тука да ви понуди забава. Жанрот кој во литературатурата е аналоген на криминалистичката фантастика, вклучуваат различни аспекти на криминалот и негово откривање.
Стилски овие филмови се комбинираат со други жанрови што ги прави уште поинтересни и понапнати. Степенот на напнатост е тоа што ги прави интересни дури и за 2020 година. Во вакви денови кога движењето ви е ограничено, чуден вид на бегство, откривање на некоја мистерија па дури и некоја чудна приказна од реалноста знаат да бидат корисни и забавни. Еве избор од неколку филмови.

Tiger King: Murder, Mayhem And Madness- класичен вистински криминал во документарна серија, каде тигри се чуваат како миленици а луѓето прават се да дојдат до нив…

Line Of Duty- британска, возбудлива, полициска драма…

Conversations With A Killer: The Ted Bundy Tapes- интересна серија која што ви кажува сè што треба да знаете за комплицираниот портрет на еден сериски убиец. Или можеби тоа кажува повеќе за нас?…

The Irishman- брилијантен еп за гангстер кој се помирува со сите погрешни работи што ги направил во текот на животот, вклучувајќи и едно грозоморно убиство…

Power- со 50 Cent како ѕвезда во оваа драма за сопственик на ноќен клуб во Њујорк…

Ozark- на почетокот личи на филм кој не одговара за актерот Џејсон Бејтман, но оваа серија која станува се потемна и потемна е за непретенциозен финансиски планер, чија шема за перење пари ќе тргне наопаку…

Mindhunter- забава драма која говори за почетокот на одделот за криминалистичко профилирање на ФБИ во 1970-тите…

Breaking Bad- драма за учител кој почнува да продава дрога за да може да му пружи егзистенција на своето семејство откако ќе му биде дијагностициран терминален карцином на белите дробови…