Постои голема понуда на пижами за сечиј стил, вкус и буџет во моментов. Не само што големите и познати дизајнери како Prada влегоа на овој пазар, туку исто така и нов бран на брендови за кул секојдневна облека се појавија. Сето ова значи дека пижамите кои ќе ги најдете сигурно нема да бидат од оние широките и „вреќести“, или од оние какви што носеле нашите дедовци. Токму напротив, дезените станаа похрабри, ткаенините станаа полесни, а кроевите станаа посилни и потемелни. Овие пижами се толку добри, всушност, што можете да ги носите и среде бел ден за време на прошетка во текот на викендот.
На оваа листа што ќе ви ја прикажеме се најдоа 15 модели, од Ralph Lauren, Oliver Spencer, преку Hugo Boss, па се до Prada и Uniqlo.