Целокупната ситуација ја наметна потребата работата да си ја преселиме дома. Но ова не важи само за возрасните, тука се и децата кои своите школски задачи треба да ги работат од дома. Ако претходно не сте имале печатач дома може е време да размислите да набавите еден со цел да си олесните на самите себе. На пазарот постојат многу печатачи кои по поволни цени нудат многу добри перформанси.

Дури и ако вашата работа не захтева обемно печатење на материјали, може би сакале да размислите да си набавите еден колор печатач чисто да ги испринтате незаборавните моменти кои сте ги фатиле со вашиот апарат и да ги закачите на ѕид. Големата конкуренција ги натера производителите да ги намалат цените, што пд друга страна овој голем избор го комплицира процесот на одлучување.

Секако големината е еден од факторите кои влијаат на одлуката. Следно треба да размислите дали сакате инкџет или ласерски печатач, но притоа да внимавате на бојата која ја троши и колку чини замената на кертриџите. Еве неколку по наш избор:

1. Canon Pixma MG3650S Wireless Inkjet Printer– Малиот голем печатач на фотографии

печатачи

Брзина на печатење: ISO 9,9 ppm

Резолуција на печатење: до 4800 x 1200 dpi

Големини на хартија: A4, Letter, B5 (JIS), A5, A5 (Long Edge), A6, Executive, Legal, Folio

Капацитет на хартија: 100 листови

Димензии: 150 x 450 x 300 mm (Ширина x Длабочина x Висина)

Тежина: 5,4 кг

+Фотографии во боја

+Добра резолуција

+Печатење, копирање, скенирање

+Wireless

2. Epson Expression Home XP-2100– Вреден за секој денар кој ќе го дадете за него

Категорија: Инк-џет 3-во-1

Брзина на печатење: 8 ppm

Големини на хартија: A4

Капацитет на хартија: 100 листови

Тежина: 4 кг

+Компактен дизајн

+Ниска цена

-Бавно печатење

3. HP Envy 5540 All-in-One printer– Брилијантен all-in-one печатач

Брзина на печатење: 22 ppm

Резолуција на скенирање: 1200 x 1200 dpi

Карактеристики: Печатење, копирање, скенирање

Димензии: 161 x 454 x 410 mm (Ширина x Длабочина x Висина)

Тежина: 6,82 кг

+Голем број на карактеристики, вклучувајќи поддршка за паметни телефони

+Лесно се инсталираат, конфигурирате и користите