Патувањето ги полни батериите, а сеќавањата од него се бесценети спомени. Според Lonеly Planet, ова е листата на најдобрите дестинации за патувачките ентузијасти за 2020 година.
Ако се прашувавте каде да отпатувате овие денови, кога октомври се однесува како јуни, Lonеly Planet ја презентираше својата листа дестинации за 2020 година. 15-то издание од книгата ги категоризира дестинациите: 10 најдобри градови, 10 најисплатливи места, најпожелни семејни дестинации и слично. Во продолжение, дел од изборот на Lonеly Planet
10 најдобри земји во 2020:
- Бутан
- Англија
- Северна Македонија
- Аруба
- Есватини
- Коста Рика
- Холандија
- Мароко
- Уругвај
- Либерија
10 најдобри градови во 2020:
- Салцбург, Австрија
- Вашингтон, САД
- Каиро, Египет
- Галвеј, Ирска
- Бон, Германија
- Ла Паз,Боливија
- Кочи, Индија
- Ванкувер, Канада
- Дубаи, ОАЕ
- Денвер, Колорадо