Во последно време се појавија доста интересни креации. Познатите часовничарски брендови па и големите луксузни модни куќи претставија доста креативни изведби. Со самиот Watches & Wonders, саем на меѓународната индустрија за часовници и накит, овие само го потврдија својот импакт кој го направија врз публиката.

Louis Vuitton Carpe Diem

Една од најкомплицираните креации, Jacquemart. Оваа пресвртница во познатиот моден бренд Louis Vuitton е благодарение на Мишел Навас. Тука анимираниот бирач се активира од страна со туркање на копче во форма на змија, предизвикувајќи главата на змијата да се помести настрана и да го откриечасот, додека опашката на змијата се врти покажувајќи на минутите. Инаку часовникот вреди 470.000 американски долари.

Greubel Forsey GMT Sport

На овој бренд му беа потребни 17 години за да го произведе својот прв часовник на метална нараквица, но тој, заедно со редизајнираната рамка, целосно го трансформира титаниумскиот GMT Sport модел. Овој часовник ја менува перспективата со која се гледа на овој часовничарски бренд. Произведен во само 33 примерока со цена од 500.000 американски долари, изгледа убаво.

Hublot Big Bang Unico Yellow Magic

Бојата е движечка сила во светот на часовничарството оваа година. Така се покажува современиот дизајн. Најмногу истакнато ова е кај Big Bang Unico Yellow Magic на Hublot. Четириесетидва милиметарско целосно керамичко куќиште со гумени ремени во соодветни бои. Произведени само 250 парчиња, по цена од околу 27.000 американски долари.

Chanel J12 X-Ray Electro Caliber 3.1

Прекрасен спој на боја и сафирската кристална конструкција, заедно со 18 каратно бело злато. За создавање на ова оригинално дело биле потребни 12 индивидуално нумерирани парчиња дијаманти поставени под вонижито од сафири во форма baguette-cut. Овој часовник чини 690.000 американски долари.