Фокусот, после сите случувања во светот, секако паѓа на нашето здравје. Физичката активност стана многу битен дел од нашиот секојдневен живот, а со тоа и продажбата на паметни фитнес часовници се зголеми. Без разлика на исходот од сето ова, новите навики кои сме ги стекнале последнава година ќе останат уште долго дел од нашето секојдневие. Па затоа вложувањето во квалитетен фитнес часовник е долгорочна инвестиција која се исплати. Сега ваквите фитнес часовници не се само стоперка, GPS и мерач на срцевиот ритам туку многу повеќе, всушност тие се наши дигитални фитнес-пријатели. Еве листа на неколку навистина добри Fitness Watch брендови.

Suunto

Финскиот бренд Suunto е познат по својата долтрајност, благодарение на долгото траење на батеријата и софистицираната градба. Во последно време најпопуларен модел од овој бренд е Suunto 7 бидејќи е првиот часовник кој ја користи новата технологија Wear OS на Google. Цена: околу 25.000 денари (во зависност од продавницата)

Garmin

Американскиот бренд познат по GPS технологијата го освои и светот на фитнес часовниците. Овие часовници се претежно насочени кон спортови како трчање, водени спортови, голф и возење велосипед, а нивните понови модели исто така може да се пофалат со можност за слушање музика, Bluetooth и пулсо-оксиметрија. Интересна е серијата Fenix, првично лансиран во 2019 година, кој нуди модел со соларно полнење и со интегриран Spotify. Цена: околу 30.000-50.000 денари (во зависност од моделот и продавницата)

Polar

Познат по првиот безжичен „heart-rate monitor“ финскиот бренд решава да влезе во светот на фитнесот. Со посебен фокус на следење на срцевиот ритам, иновативната технологија на овој бренд често се наоѓа во универзитетските оддели за истражувања низ цела Европа, поради нејзината точност и сигурност. Неговиот Vantage V2 во моментов е најиновативниот часовник на брендот, па дури и се испорачува со сензор за отчукување на срцето. Часовникот Vantage V2 во моментов е најиновативниот модел на брендот, кој се испорачува со сензор за мерење на пулсот. Цена: околу 30.000 денари (во зависност од продавницата)

фитнес часовници

COROS

Компанија која фасцинира со својот раст. Невниот модел Fitness Watch, APEX е познат по трајноста на батеријата, дури до 35 часа. Нивниот APEX Pro модел е многу популарен во светот поради титаниумската рамка и екран од сафир, додека моделот PACE 2 има монитор за мерење на срцеви отчукувања, целосна интеграција на Stryd (metric support) кој вклучува мониторинг на дневно, неделно и месечно ниво. Цена: около 30.000 денари (во зависност од продавницата)

Fossil

Име познато во светот на часовниците. Но не помалку успешен во светот на фитнес часовниците. Моделот Gen 5E е најновиот производ на Fossil кој може да се пофали со целата технологија што ја сакате. Цена: околу 15.000 денари (во зависност од продавницата)