Може да се стават во листата на еден од најдобрите изуми на денешницата. Скоро и да нема човек кој нема повеќе од еден смарт уред, а да не зборуваме за ситуации кога на повеќе од еден уред им требала полнење истовремено. Наместо да се справуваме со заплеткани жици добро би било да имаме безжичен полнач.

Belkin Boost Up Wireless Charging Stand and Bluetooth Speaker Одличен за оние кои неможат да се одделат од своите телефони. Одличен е и поради тоа што нема потреба од вадење на футролата на вашиот телефон. Најубавото е што овој полнач доаѓа со Bluetooth звучник.

Apple MagSafe Duo Charger Ако сте корисник на Apple тогаш Apple MagSafe Duo полначот е најдобрата опција за вас. Не само што овозможува безжичното полнење да тече позабрзано благодарение на неговите магнети, туку исто така испорачува енергија од 15W за разлика од повеќето други полначи. Најдобро од сè е што можете да полните повеќе Qi сертифициран уреди истовремено.

Choetech Dual Fast Wireless Charger 5-Coil Уред кој може да полни два телефона истовремено. Дизајнот е доста елегантен, со површина која не се лизга и дупки кои не дозволуваат прегревање на телефонот при полнење. Choetech поддржува 10W излез при полнење на два уреда, што дава поголема површина за полнење и поголема ефикасност.

Anker PowerWave Wireless Charger Stand Внатрешен вентилатор кој спречува прегревање на телефонот, дизајниран да може да полни и при гумена, пластична и tpu футрола со дебелина до 5 милиметри, нелизгачка површина, 18-месечна гаранција. Ова го прави да биде еден од најпродаваните безжични полначи.