Одржувањето на кондицијата во модерното време станува се позависна од апликациите. Практично тие можат да го претворат вашиот паметен телефон во ваш партнер за вежбање. Ефикасноста е тоа што тие се тука и да ви помогнат при обезбедување на рутини за вежбање и следење на напредокот. Еве неколку бесплатни апликации кои можете да ги искористите за да си ги постигнете целите во 2021 година.

Nike Run Club

Оние кои сакаат да трчаат оваа апликација е одлична. Не само што ве води и инспирира да трчате, туку тоа го прави на забавен начин. Персонализација и составување на своја плејлиста се карактеристики на оваа апликација. Функцијата Run Together ви овозможува да ги споредувате вашите перформанси со другите тркачи, со кои можете да се пофалите на социјалните медиуми.

Johnson & Johnson Official 7 Minute Workout

За разлика од повеќето апликации за вежбање, оваа им овозможува на корисниците класични седумминутни рутини. Во моментов, апликацијата има над 70 вежби со повеќе од 20 прилагодливи вежби.

Daily workouts 

Ова е како личен тренер на вашиот телефон. Нуди брзи и ефективни тренинзи со различни временски рамки. Вежбите за цело тело се презентираат преку HD видеа во опсег од 10 до 30 минути. Прилагодувањето можете да го направите според времето или група на мускули на кои сакате да се фокусирате.

Sworkit

Со Sworkit можете да изберете три различни нивоа на тренинг. Исто така, постојат вежби за различни области на телото, како што се грбот, стомачните мускули. Тука водењето е преку видео снимки со има над 400 уникатни тренинзи и повеќе од 800 вежби, што значи дека никогаш нема да ви здосади.

апликации

Freeletics

Одлична апликација за следење на фитнес целите. Можете да изберете рутина за вежбање заснована на опрема за вежбање или сопствена тежина. Оваа апликација нуди 1.000 начини за трансформација на телото. Секоја сесија трае приближно 30 минути, што е идеално за лицата ограничени на време.