книги во септември

Септември донесе повеќе наслови за паметење. Голем дел од нив ѝ припаѓаат на научната фантастика и фантазијата, но вклучуваат интересни автори кои ветуваат. Во најдобрите три на листата на Goodreads се најдоа следниве кои не смеете да ги пропуштите. 

The Testaments1. The Testaments – Маргарет Атвуд

Од авторката на The Handmade’s Tale, добиваме второ продолжение. Неговиот наслов е The Testaments, а станува збор за дело кое ги дава одговорите на многу прашања кои ги мачеа читателите години наназад. Приказната се одвива 15 години по завршувањето на дејството на Handmade’s Tale, а фокусот е ставен на сведоштвата на три жени. 

The Institute2. The Institute – Стивен Кинг

Стивен Кинг е еден од најдобрите автори на денешницата, најпродаван автор според New York Times. На листата на Goodreads за септември се наоѓа на второ место со The Institute. Приказната започнува со група луѓе кои во средината на ноќта ги убиваат родителите на малиот Лук Еванс во неговата куќа, а него го киднапираат. Дејството се случува за две минути, а Лук се буди во Институтот, со соба идентична како неговата, но без прозорец. Позади неговата врата има и други деца со моќи како неговите. 

The Water Dancer3. The Water Dancer – Танахаси Коутс 

Ова е првенче за талентираниот американски автор Танахаси Коутс. Фокусот на приказната е ставен на малиот Хикрам Вокер, роден во ропство. Неговата мајка ја продаваат и тој останува сам без ниту едно сеќавање за неа и со моќ која години подоцна ќе му го спаси животот. Обидувајќи се да побегне од ропството, Хикрам тргнува на неверојатно патување.