Октомври нуди литературно парче за секаква читателска публика. Додека септемвриските беа помрачни и сериозни изданија, октомври може да се пофали со поведро писмо. Ова се најдобрите 3 изданија за октомври, според читателите на Goodreads.
1. Ninth House – Лиа Бардуго
Алекс Стерн е главниот лик на овој роман. Нејзината животна сторија е неверојатна. Рано се отпишува од училиште, влегува во лоша врска со дилер на дрога, лоши работни места и станува сведок на неколку мистериозни убиства. Сега, добива втора шанса во болнички кревет. Да се запише на Јеил! Каде лежи зајакот и зошто токму таа?
2. The Giver of Stars – Џоџо Мојес
Дејството е сместено во Англија, во доцните 30-ти години на минатиот век. Главниот лик, Алис Рајт, носи импулсивна одлука да се омажи за богатиот Американец Бенет Ван Клив и да го напушти својот дом и семејството. Кога сфаќа дека работата му е поважна од неа, Алис се запознава со една проблематична девојка, која ќе го направи нејзиниот здодевен живот возбудлив.
3. The Beautiful – Рене Ади
Во 1872 Њу Орлеанс е град на смртта, но град на спасот за 17 годишната Селин, која побегнала од нејзиниот живот како шивачка во Париз. Засолнета во манастир, девојката набргу станува фасцинирана од музиката, храната и најмногу опасноста која ја носи градот. Набргу влегува во една подземна група и му запаѓа во очи на водичот Себастијан Сеинт Жермен. Кога телото на една од девојките во манастирот ќе биде пронајдено безживотно, Селин се бори против своите убедувања и вината на Себестијан.