Љубов, моќ и интриги, се лајтмотивите на трите романи кои ги зафатија првите места на листата на Goodreads за месец ноември. Авторите се жени, но во улога на протагонисти се јавуваат и мажи. Од проверените пера на некои од врвните писатели според Goodreads и New York Times, ова се најдобрите три четива за ноември:
The Starless Sea – Ерин Моргенсен
Ерин Моргенсен е наградуван автор на The Night Circus,според New York Times. Нејзиниот главен лик во делото The Starless Sea е студентот Закари Ролинс, кој случајно пронаѓа мистериозна книга. Следејќи ги приказните во книгата и трагите оставени во неа, пристигнува на забава во Њујорк, маскенбал во таен клуб кој отвора сосем поинакви светови.
The Queen of Nothing – Холи Блек
Класична љубовна приказна во која девојката, Џуд, во случајов кралица, е предадена од страна на човекот кој го сакала, Кардан, а од целата работа најмногу корист има нејзината злобна сестра близначка Тарин. Нурнете во една љубовна авантура со авторката Холи Блек.
The Family Upstrairs – Лиса Џул
На својот 25 роденден Либи Џонс се враќа дома каде наоѓа писмо кое ќе го открие вистинскиот идентитет на нејзините биолошки родители. Со писмото наследува и голем имот во Лондон, покрај Темза и грозна тајна дека пред 25 години додека била бебе, на имотот биле најдени три безживотни тела. Мистерија која треба да ја испитате.