Типстер купот на Sport Life му донесе стан на Водно на играч од Битола. Денес, клучевите од оваа главна премија му беа врачени на младиот Дејан Кузмановски, кој беше прогласен за најдобар типувач на Sport Life во Типстер купот од минатата и оваа година.

Преку 3.500 финалисти се натпреварува во финалето. Со освоени 126.402 поени тој беше прв на ранг листата на ниво на сите обложувалници на Sport Life. Сѐ уште не привикнат на фактот дека освои нов модерен стан на Водно, овој млад човек  (34)  возбудено ни раскажа како успеал да стигне до финалето и да победи. – Вербата и редовната игра се исплатеше, тоа им го порачува и на останатите играчи. Играл секојдневно со влогови од по 20 денари на тикет, а по воведувањето на играта До 50 шанси за 100.000 денари, повисоките поени ги собрал на тикет со одиграни 50 пара и фатени 40, остварувајќи максимални 5020 поени за влог од 20 денари. Инаку веќе 10 години редовно игра различни игри од широката понуда на Sport Life, а тимот за кој навива се „топџиите“ од „Арсенал“.

„Оваа година се најдовме пред  повеќе предизвици. Да продолжиме со Типстер купот, да ја доделиме главната премија и притоа да ги исполниме сите протоколи поради вирусот Ковид-19. Продолживме со работа во нови услови и со воведување на  онлајн обложување, затоа што знаеме дека нашите играчи  живеат со спортот,  играат и навиваат за него. Им честитаме и воедно им благодариме на играчите за нивната лојалност и учество во натпреварот. Типстер купот продолжува оваа година со подинамично темпо и под мотото Типстер на месецот, со привлечни премии за најдобрите типувачи секој месец до 100.000 денари.“

Покрај главната премија, стан на Водно, голем број подароци беа доделени и за останатите учесници во типстер купот. На генерално ниво од финалната етапа, за освоеното 2-10 место следуваа поени за подароци од СЛ маркетот, а за сите останати финалисти Sport Life обезбеди подарок вредносни ваучери  за игра.

Типстер купот се одржува секоја година и веќе стана традиција која им носи забава и секој месец привлечни подароци на лојалните играчи на Sport Life.