Тетоважите со тема од вселената стануваат се попопуларни и се повеќе личности одлучуваат да го насликаат космосот на својата кожа. Овие тетоважи содржат прекрасни бои и мотиви кои можат да симболизираат се што ќе се посака.

Најголемата желба на човештвото е да ја открие тајната на унивезумот, па тоа може да биде една од причините поради кои многумина се фасцинирани со него. Ако сте размислувале да направите тетоважа, но не можете да одлучите каква, оваа галерија може да ви даде идеја и да ве инспирира таа да биде со вселенски мотиви.