Вниманието на модниот свет е насочено кон Фиренца за најновото издание на Pitti Uomo. Pitti Uomo есен/зима е веќе во тек, a уличниот стил во италијанскиот град се вжештува. Магазинот GQ заедно со фотографот Роберт Спангл ги пренесуваат најдобро облечените мажи на најважниот светски стилски саем за машка облека и модни додатоци.
Во прилог е галерија со фотографиите кои британското издание на магазинот GQ ги избра како највпечатливи оваа година во Фиренца.