Како што стареат мажите, претрпуваат одредени промени што се неизбежни, особено во врска со нашите тела. Една од придобивките на напредокот во медицината е тоа што животниот век на луѓето е на највисоко ниво во споредба со минатото. И како што нашите животи се продолжуваат така нашите апетити за уживање со партнерите растат. Интимноста е битна за секоја врска, но за тоа треба виталност и здрав пенис.

„машкоста"

1. Проверете го нивото на тестостерон. Врвот на тестостерон кај мажите се достигнува на двесет годишна возраст, после тоа ова ниво почнува да опаѓа. Кога нивото на тестостерон кај мажите е низок тогаш се чувствуваме незгодно, почнуваме да ги губиме мускулите, се зголемува масното ткиво, се појавуваат проблеми со спиењето, го губиме либидото и се појавува еректилна дисфункција.

2. Азотни оксиди се произведуваат скоро во секоја клетка во човековото тело и се познат како вазодилататор. Ова е битно бидејќи ова соединение ги релаксира внатрешните мускули на крвните садови, предизвикувајќи проширување на садовите и на овој начин го зголемува протокот на крв и го намалува крвниот притисок. Кај мажите нивото на азотни оксиди се намалува со процесот на стареење, па битно е да се консултирате со вашиот доктор и да почнете да конзумирате суплементи.

3. Истражете ги PDE-5 инхибиторите. За успешна стратегија не се доволни само суплементи со азот оксид, ензимите како PDE-5 го намалуваат протокот на крв во пенисот, со тоа се намалува функцијата. Но PDE-5 инхибиторите помагаат во тоа, на пример таблетите како Viagra и Cialis ги инхибираат овие ензими, канализирајќи ја крвта во пенисот. Овие лекови ние мажите можеме да ги земаме секојдневно ако сакате постојано да бидете во форма.

4. Најдобар исход има кога се користат сите третмани заедно. Во поново време има една неинвазивна метода која се вика GAINSWave, со која се будат матичните клетки и предизвикува ослободување на фактори на раст кои ги подобруваат, поправаат и прошируваат крвните садови.

5. Користењето на пумпа во одредено време помага во одржувањето на виталноста на пенисот. Младите мажи обично доживуваат три до шест ерекции секоја вечер, но со стареењето бројот на овие ерекции се намалува а со тоа и големината на вашиот пенис. Користењето вакумски уред или пумпа еднаш или двапати на ден, го полни вашиот пенис со крв богата со кислород.

6. Дали некогаш сте се запрашале зошто ткивото е во состојба да се регенерира кога и да се пресечете? Ова се должи на повеќе фактори за раст складирани во тромбоцитите во крвта. Секогаш кога има траума, вашето тело ослободува хемикалии кои привлекуваат тромбоцити на местото на повредата. Па користењето на плазма со тромбоцити, третман кој се користи за заздравување, може да го комбинирате со некој од горенаведените третмани и да си помогнете. Секако да напоменеме дека каков и да имате проблем мора да консултирате доктор.