Имајќи во предвид дека здравјето влегува низ устата… блескавата насмевка срца плени, веројатно добро е да изберете органска паста за заби со која би ја негувале вашата насмевка. Можеби звучи безначајно, но пастата за заби е фундаментална кога станува збор за нашиот изглед а уште побитно за нашата хигиена и здравје.

Пред извесен период природните пасти за заби кои беа направени од „чудни билки” не би ги допреле, но органските пасти за заби го враќаат својот статус а луѓето се повеќе сакаат да си купат производ кој не е натоварен со штетни хемикалии, меѓу кои и флуоридот кој од неодамна е класифициран како полутоксичен.

Користењето „природно” значи да ги елиминирате парабените, флуоридите, сулфатите и триклосанот, кои се четирите главни хемикалии кои стоматолозите прогласија дека се штетни за забите и непцата со текот на времето, но сепак сеуште се распространети во стандардните пасти за заби.

Користењето само органски состојки, исто така значи дека кога вашата паста за заби се измива низ одводот, нема да има негативно влијание врз нашите водни системи, како што прават неорганските производи. Еве неколку добро познати органски но „луксузни” пасти за заби.

Davids за оние со чувствителни заби и непца. Како додаток добивате и ролер кој ќе ви помогне да ја истиснете пастата кога е при крај.

паста

Marvis добро позната, вредна. Најценета е верзијата со јаглен поради ефектот на бели и чисти заби кој го остава после нејзино користење.

паста

Burts Bees нежна , но ефикасна паста за заби која најмногу ја сакаат поради чувството на мента со доза на сладост која ја остава после употреба.

Kopari– ако кокосовото масло е најдобро тајно оружје во светот на убавината, тогаш оваа паста е целосно вооружена. Тука имаме и хидроксиапатит, соединение кое е природно за нашето тело а кое помага во санација и заштита на емајлот на забот.

Sparkle интересна формула со масло од каранфилче, витамин Ц и масло од кокос, состојки познати по неверојатни придобивки за здравјето на забите.

Le Bon позната по спектарот на егзотични и возбудливи вкусови, минус шеќерот, се разбира.