Иако сите сакаме унисекс козметика, треба да се согласиме дека „кожата има пол“. За почеток да потсетиме дека мажите имаат повеќе влакна на кожата. Тука е и андрогената стимулација која ја прави кожата кај мажите за 25 проценти подебела. Покрај тоа што е подебела, текстурата на кожата кај мажот е поцврста и помасна поради себумот. Најубавиот дел е тоа што мажите имаат поголема концентрација на колаген, затоа изгледаат помладо. Но заштитата од сонце недостасува, особено кога станува збор за лицето. Како што се повеќе мажи почнуваат да се грижат за својата кожа, кремите за сончање стануваат еден од најголемите клучни играчи во нивната рутина. Иако кремата за сончање, особено таа за лице, се смета за унисекс производ, не може да се негира дека машкото лице може да има посебни и изразени потреби. Размислете за брада и рутина за бричење. Размислете за подебела кожа. Размислете за поцврста текстура. Општо и како целина, и рутината за нега на кожата и самата кожа на мажот се сосема различни од онаа на жената. Но еве предлог за некои од најдобрите креми за сончање за мажи на пазарот.

1. Clinique Super Energizer SPF40– не е создаден само да ве заштити од сончевите зраци, туку има за цел и борба против заморот. Нуди 12-часовна хидратација и свежина. Отпорна на потење и влага, што е идеален за сончеви и влажни денови.

2. Shiseido Men Clear Stick UV Protector SPF50 PA+++– мулти-заштитен крем за сончање, користејќи јапонско масло од камелија како клучна состојка, заедно со мешавините од бергамот и бамбус. Формулата претставува и заштита од загадување, што го прави доста потребен кога излегувате надвор.