Во 80-тите години на минатиот век, автомобилската индустрија направи скок од аголната естетика на 70-тите, со примери кои стануваат сè поголеми, неверојатни, пошироки и блескави. 80-тите години на минатиот век произведоа некои од најнеобичните концепти што некогаш се појавиле.

Citroën Karin (1980)- концепт претставен на Саемот за автомобили во Париз во 1980 година, диззајниран од Тревор Фиоре, шеф на дизајн во компанијата, се одликуваше со впечатлив, пирамидален дизајн. Всушност автомобилот претставува тридимензионално олицетворение на логото „двоен шеврон“. Може да се каже дека има сличност помеѓу овој автомобил и Tesla Cybertruck.

Italdesign Machimoto (1986)- концептниот автомобил кој нема покрив и може да собере до девет патници. Иако звучи јапонски, овој концепт е развиен во Европа во торинското студио „Итладезајн“ и е базиран на платформата на Volkswagen Golf GTI. Името произлегува од зборовите MACHIna (автомобил на италијански јазик) и MOTOciclo (мотор) како совршен хибрид.

80-тите

Pontiac Trans Sport 1986- интересен концепт со футуристички стил, Gull-wing врати, вграден Nintendo Entertainment System и стаклен кров. Овој концепт се смета за еден од најрадикалниот миниван некогаш дизајниран.

Bertone Genesis (1988)- концепт претставен на Turin International Motor Show 1988, ова е уште еден миниван. Овој концептен автомобил бил наречен и Lamborghini Genesis поради компанијата користела компоненти од Lamborghini за да го создаде овој автомобил. Дизајнот е на познатата италијанска дизајнерска куќа Bertone, а во внатрешноста има V12 мотор позајмен од Lamborghini Countach Quattrovalvole, со моќни 455 коњски сили.