Меѓународниот туризам полека зема полн замав во Европа како пред пандемијата на коронавирусот. Kayak туристичкиот пребарувач ги собра бројот на пребарувања за патувања на европските острови. Со комбинирањето на овие податоци со критериуми како што се пристапност, цени, храна и транспорт, направи рангирање на дестинации кои мора да се посетат. Во Топ 5 на оваа листа се наоѓаат некои очекувани имиња, но и некои изненадувања.

Во случај да посакувате бегство на некој остров, верувајте дека не сте сами. „Букинг“ сајтот Kayak направи анализа на неколку податоци, а за да ги рангира дестинациите, се фокусираше на седум критериуми како што се временските услови, достапноста со авион, цените, работи што можат да се прават, дали е добро за мали деца, Ковид-19 безбедност и екологија. Во прилог ви ја носиме листата на петте најдобри острови во Европа за секаков тип и карактери на луѓе.

1. Крит, Грција – за семејства и љубители на плажата

острови

Крит е на првото место меѓу островите кога станува збор за убавината на плажите на овој голем остров. Островот може да се пофали со „Blue flag“ сертификати и ниска стапка на врнежи. Исто така, Крит нуди многу забавни паркови и хотели на плажа, што го прави одлична дестинација за целото семејство.

2. Тенерифе, Шпанија – за спортските типови

Љубителите на рекреативниот спорт дефинитивно ќе имаат што да прават на Тенерифе. Најголемиот шпански архипелаг во Канарските острови има голем број на пешачки и планински патеки кои нудат неверојатни погледи.

3. Хиума, Естонија – за оние кои сакаат приватност

острови

За оние кои сакаат да ги избегнат гужвите, упатете се на Хиума островот во Естонија. Таму ќе можете да побегнете од сето она што ви смета и да уживате во прекрасните, далечни пејзажи во позадината.

4. Канарски острови, Шпанија – за сончеви бегства надвор од туристичката сезона

По Тенерифе, можете да ги истражите Гран Канарија, Фуертевентура, Ланзароте, Ла Гомера, Ла Палма и Ел Хиеро, таканаречените „острови на вечната пролет“ благодарение на нивната блага клима во текот на годината. Совршено за да останете неколку денови. Подобро е да ги избегнете летните периоди кога островите се врвна туристичка дестинација.

5. Бозкада, Турција – за ограничени буџети

острови

Овој малку познат остров во Егејското море е совршен за оние кои сонуваат за мал рај без да треба да потрошат премногу пари. Бозкада е одлична алтернатива за грчките, шпанските и португалските „роднини“.