Иако имаме пролет среде ноември, потребна ви е јакна која ќе ве стопли во овие денови кои доаѓаат
Фантастична јакна за есен е онаа која ве штити од ветрови и дождови, која е топла, а истовремено го подобрува и истакнува вашиот личен стил. На располагање за сезонава има бројни модели јакни: тексас, кожни, парки и бомбер, но една особено се истакнува – авијатичарската.
Станува збор за кожна јакна чија внатрешност е обложена со топол волнен материјал кој ја одржува константната температура на телото и дозволува да им пркосите на ветришата, додека кожата е задолжена за дождот. Има интересен изглед кој дозволува да ја комбинирате со длабоки чизми или кожни чевли, а можете да ја носите во секоја пригода. Во прилог галерија која ќе ви помогне да се инспирирате, а слични модели ќе најдете во скоро сите продавници ширум градов.