Некогаш треба да се активира суперхраната која го зајакнува нашиот имунитет. Имунолошкиот систем е одговорен за борба со сите патогени кои ќе влезат во нашиот организам. Па со внесување на храна која го зајакнува имунитетот ние му помагаме на нашето тело.

Куркума

Зачинот наречен „Златниот зачин на Индија“ влијае врз зајакнување на имунитетот. Поради своите антисептички и аналгетски својства, куркумата е зачин во првиот ред на одбрана од настинки и сезонски грип благодарение на куркуминот, активниот полифенол што се наоѓа во него. Има една негативност која малку луѓе ја знаат, а тоа е дека има мала стапка на апсорпција во телото. Но според некои истражувања се вели дека пиперинот кој го има во црниот пипер помага во апсорпција на куркуминот, па така комбинирајте го во храната која ја јадете.

Ореви

Оревите не се само богати со есенцијални омега-3 масни киселини, туку и антиоксидантни феноли кои се борат против оштетувањата од слободните радикали. Што е најважно, содржи високи нивоа на специјална форма на витамин Е наречен гама-токоферол, што е битен за имунитетот и неговата борба против инвазивните бактерии и вируси.

Лук

Лукот го користеле многу цивилизации низ вековите не само за ароматизирање храна, туку и за борба против инфекциите. Активното соединение во лукот, алицин е одговорен за неговите антибактериска, антигабична, антивирусна и антипротозоична функција.

Кељ

Синонимот за детоксикација е полн со витамини, антиоксиданси и калциум. Мешањето на кељот во раце со маслиново и лимонов сок во сад за салата помага во разбивање на неговите влакна и така тој станува помек и помалку горчлив. Треба да имате на ум и дека сите хранливи состојки на кељот почнуваат да се распаѓаат во моментот кога ќе се обере.

Гоџи бобинки

Гоџи бобинките можеби долго време се користеле како лековити растенија во античка Кина, но малото црвено овошје стане и една од најсилните суперхрани на денешницата. Содржат полисахариди кои помагаат во подобрување на имунитетот. Присуството на зеаксантин е исто така од големо значење за имунитетот.