Најдобриот пријател под тушот е вашата луфа, помага во отстранување на нечистотиите од вашето тело, ефтини се и многу лесно се наоѓаат, но знаете ли дека нивното предолго користење може да направи повеќе штета отколку корист. Луфата може да биде направена од природен материјал или од пластика, но и двата вида не ви користат.

Текстурата на луфата, поврзана со влажната околина на тушот, ги прави многу тешки за сушење, што допринесува бактериите брзо да се развиваат. Пластичните луфи фрлаат парчиња микропластика секогаш кога ги користите, што завршуваат во водите зголемувајќи го количеството пластичен отпад. Еве листа на најдобрите алтернативи за замена на вашата луфа за бањање.

Крпа за бањање: За разлика од луфата оваа алтернатива нема да ви помогне во ексфолијација на кожата, па затоа е добра за чувствителна кожа. Нејзиното лесно користење, миење, сушење и складирање ја прави крпата за миење една од најдостапните и ефтини замени за луфата за бањање.

Силиконска четка за пилинг: Еколошки помалку штетна опција, направена од силикон која е биоразградлива и релативно лесна за користење. Структурата на влакната на четката помагаат во чистење на кожата без да предизвикаат непријатност или болка. Брзо се сушат па бактериите немаат можност за развивање.

Антибактериска ракавица за туширање: Одлични бидејќи прават одлична пена и за разлика од луфата тие имаат антибактериски слој што активно работи на миење на бактериите од вашето тело заедно со средството за туширање. Антибактериските ракавици за туширање се релативно скапи, но со оглед на нивните својства и времето на користење пред да ја замените вреди да инвестирате во неа.

луфа

Природен сунѓер за бањање: Ако барате природна алтернатива ова е одлично за вас. Кога се суви се доста непријатни но поради својсвото да апсорбираат големо количество на вода тие стануваат меки и пријатни за кожата. Од друга страна малку се специфични за сушење и доколку не го направите тоа соодветно може да станат место за развој на бактерии.

Електричен чистач за тело: Ако сте љубители на технологијата тогаш ова е одлична солуција за вас. Доста достапни, лесни за користење, а со нивна употреба добивате и масажа.