Едно од најнеобичните природни чуда на светот, водопадите, се туристичка атракција поради нивната убавина и неописливиот спокој. Поради природата на нивното формирање, тие создаваат смирувачки поглед кој може да го гледаме долго време. И, не само што се живописни, нивните звуци опуштаат. Еве начин да го телепортирате умот на некое поубаво место!

Нијагарините водопади, Канада и САД– Сместен на границата помеѓу Онтарио во Канада и Њујорк во САД, ова е можеби најпопуларниот водопад на планетата. Два од трите водопади се наоѓаат во САД, додека третиот во Канада и е најголем од триото. Просечната ширина на овие величествени падови е 1.2 километри, а брзината на водата е 40 километри на час, што го прави најмоќениот водопад во Северна Америка. Неговата неверојатна убавина го става на врвот на листата од најпосакувани дестинации за многу патници.

Викториини водопади, Замбија и Зимбабве– Се смета за најголем водопад во светот, на реката Замбези, се наоѓа на границата помеѓу Замбија на север и Зимбабве на југ. Овој водопад е исто така познат и како „Mosi oa-Tunya“ што значи „чадот што грми“. Широк е приближно 1,6 километри и може да се слушне од 40 километри далечина. Нејзината величественост и впечатлива убавина ја прават една од најпопуларните атракции во Африка и секако светско наследство на УНЕСКО.

Ban Gioc-Detian, Виетнам и Кина– Овие два водопада колективно сместени на границата меѓу Кина и Виетнам формираат еден од најголемите транснационални водопади во Азија. Кога се гледа од далечина, тоа изгледа како скалило со каскадни слоеви на проточна вода. Во лето, падовите се широки околу 300 метри со висина од 30-тина метри. Оваа скапоценост која често е занемарена поради патот до неа вреди да се посети.

водопади

Ангелски водопад, Венецуела- Највисокиот водопад во светот, со висина од 979 метри, слободен пад на водата од 807 метри. Сместен во националниот парк Canaima, паѓа над работ на планината Auyán-Tepuí, позната и како планината на ѓаволот. Овој величествен водопад е трипати повисок од Ајфеловата кула во Париз. Неговата егзотична локација среде шумите обвиткани со магла и опкружени со рамни планински врвови, го прави едно од најголемите природни чуда на светот.

Mae Ya Waterfall, Тајланд– Една од најубавите знаменитости што може да ги понуди Тајланд. Водопад опкружен со шума, што го прави совршен за сликање исто како од разгледница. За време на монсуните, завесата на водопадите се протега на ширина од околу 100 метри. Сместен е во затскриена област на неколку часа оддалеченост од градот Chiang Mai, а во неговата основа е дозволено пливање.