Во 2015 година јапонскиот Maglev воз постигна брзина од 603 километри на час. Брзина која до 2027 година нема да може да се користи. Во меѓувреме, и во реалноста, има околу 10 супер-брзи возови со брзина поголема од 320 километри на час. Фасцинацијата од овие „играчки“ е голема, кога ќе ни текне на Итан Хант (Том Круз) од Невозможна Мисија, а посебно кога ќе почнеме да размислуваме на поинаквиот поглед на железниците во светот…

10. British Rail Class 374

Уште познат како Eurostar e320, беше претставен од Siemens во 2015 година. Ентериерот е дизајниран од Pininfarina, со капацитет за превоз на 900 патници, комфорно. Рутата на овој брз воз е од London St.Pancras до Paris Gare du Nord, пат од 491 километар кој го поминува за 2 часа и 16 минути, достигнувајќи ја најголемата брзина од 320 километри на час под Ла Манш. Ако ве интересира дали овој воз знае да доцни, тогаш одговорот е ДА, но тоа е ретко со задоцнување од најмногу 15 минути. Во однос на екологијата тој е неверојатно еколошки, со 90% помалку издувни гасови споредено со лет од Лондон до Париз по патник.

 

9. KTX Sancheon

Изграден од Hyundai во 2009 година, дизајниран да постигне максимални 330 километри на час. Овие возови кои се движат со молскавична брзина се честа глетка и популарна опција во Јужна Кореа бидејќи поврзуваат многу градови.

возови

 

8. InterCity Express

Уште познат како ICE 4 е управуван од Deutsche Bahn ги поврзува Берлин, Минхен, Хамбург, Штутгарт и други поголеми германски градови, но исто така со него можете да одите и надвор од Германија како Австрија, Брисел, Амстердам. Развиен од страна на Siemens и Bombardier овој воз има 450 седишта, интересен и удобен ентериер, троши 30 проценти помалку енергија поради подобрената аеродинамика а развива максимална брзина од 330 километри на час.

 

7. Haramain Western Railway

Уште попознат како Мека-Медина брзиот коридор кој ги поврзува двете најсвети места во Саудиска Арабија со должина од 450 километри. Всушност овој брз воз е Talgo 350 развиен за RENFE и изработен во партнерство со Bombardier, со карактеристична муцка на делфин и развива максимална брзина од 350 километри на час.

возови

 

6. Spanish Talgo 350

Познат како Pato што на шпански значи патка, овој брз воз кој движи на релација Мадрид-Барселона развива максимална брзина од 350 километри на час. Фокусиран на безбедноста има иновативен дизајн за навалување што обезбедува стабилност на кривини. Комфорот не изостанува тука, па така секое седиште има своја лампа за читање книга, седиште кое се подесува и во лежечка положба и приклучоци за напојување на вашите уреди.

 

5. AVG Italo

Познат и како „Ferrari на патеките“, ова е најбрзиот воз во Европа. Развива максимална брзина од 360 километри на час а е изграден од страна на Alstom AGV. Долг 200 метри со 11 вагони и 462 места, овој воз има архитектура која ја оптимизира аеродинамиката на возот и обезбедува оптимални безбедносни перформанси, како и намалување на трошоците за одржување. Прво сообраќаел на релација Неапол-Милано, за подоцна да се воведе и релацијата Торино-Венеција.

 

4. Shinkansen E5, H5 series

Јапонија родното место на модерната брза железничка мрежа, која во моментот има оперативни 9 рути со уште четири поставени да стапат во функција до 2023 година. Постојат неколку модели на вакви возови, од кои H5 е најновиот, со максимална брзина од 360 километри на час.

 

3. Harmony CRH 380A

Дизајниран од China South Locomotive & Rolling Stock Corporation Limited вториот најбрз воз на тркала во светот доаѓа од Кина. За прв пат беше пуштен во употреба за време на Олимписките игри во Пекинг. Возот доаѓа во различни конфигурации, а дури има и таканаречени „superb executive compartments“ со шест седишта. Како и во авионите седиштата имаат екрани, лампи, приклучоци. Најбрзите линии, со максимална брзина од 380 километри на час сообраќаат од Пекинг до Шангај, Гуангжу и Шенжен. Изграден од легура на алуминиум и со долг нос од баракуда, тој е завист за остатокот од светот.

возови

 

2. Fuxing Hao CR400

Повторно Кина. Најбрзиот конвенционален воз за долги релации во светот, со капацитет за над 550 патници, кој сообраќаи меѓу Шангај и Пекинг за само пет часа. Од овој воз има два модела кои малку се разликуваат еден од друг но имаат различни надимаци „Делфин сина“ и „Златен феникс“. Максималната брзина на овој воз е 400 километри на час.

 

1. Shanghai Maglev

Shanghai Maglev е најбрзиот воз во светот кој се движи со помош на магнетна левитација. Овој воз 30 километри поминува за осум минути, а максималната брзина му е 431 километар на час. И овој се наоѓа во Кина, поточно Шангај и ги поврзува аеродромот Pudong и Longyang. Бучавата и вибрациите не сметаат бидејќи ги нема, што е предност. Негативности кај ваквите возови се што на долги дистанци сè уште не е одржливо да се користат бидејќи патеките треба да бидат многу прави, а и производството на истите е многу скапо.