По петгодишно истражување шкотска дестилерија ни го претстави првиот џин направен од грашок. Nadar Gin, е означен како climate-friendly џин, а името на пијалокот значи „природа“ на галски. Arbikie Distillery од Шкотска, создала пијалок со 4,5 проценти алкохол, со „свежа и овошна арома“ кој е прв ваков пијалок.

Овој пијалок кој е развиен во соработка со Abertay University и James Hutton Institute има јаглероден отпечаток од 1.54kg CO2e. Агроекологот Pietro Iannetta открива дека џинот создаден од грашок има значително пониско влијание врз животната средина отколку џинот направен од пченица, почнувајќи од загадување на водата и воздухот па се до користење на фосилни горива во процесот на производство.

Процесот на создавање на Nadar Gin се базира на мелење и ферментирање на зрна сушен и лупен грашок, кај кој отпадот кој останува после процесот на ферментација се претвора во добиточна храна. Дополнително на ова грашокот е битен поради фактот што може да го користи азотот од воздухот, кој е значаен при раст и развој на растенијата, па така потребата од синтетичко ѓубриво кое има негативно влијание врз животната средина би се намалила.